
Младоженецот ја украси својата невеста со над 60 килограми златен накит
Невеста од Кина предизвика шок на социјалните мрежи откако се проширија фотографии од нејзината венчавка, на кои таа носи 60 килограми златен накит.
Младата жена од провинцијата Хубеи ги изненади и гостите, но и корисниците на Интернет просторот, носејќи таков тежок накит за време на нејзината венчавка
Се смета дека носењето злато за време на сопствената венчавка носи успех и среќа во бракот во некои култури, но оваа кревка невеста дефинитивно тешко се снаоѓа од тежината. На снимката се гледа невестата облечена во бела венчаница, држејќи букет рози во рацете. Она што е впечатливо во нејзиниот изглед се тешките златни ѓердани и нараквици, „благодарение“ на кои жената едвај се движеше и мораше да побара помош од младоженецот.
Според информациите, како мираз од нејзиниот сопруг, невестата добила 60 златни ѓердани, од кој секој бил тежок околу еден килограм. Заедно со ѓерданите на нејзините раце се наоѓаат и две огромни златни нараквици – подарок од семејството на младоженецот, кој се чини е доста богат.
Еден од гостите се понуди да и помогне на младата жена, но таа со насмевка ја одби поканата и рече дека е добро и дека ќе ги продолжи свадбените ритуали. Локалните жители веруваат дека златото е симбол на среќа, покажува социјален статус и помага против злите духови и лошата среќа.
Read more details here: https://t.co/5jMywRp6pF pic.twitter.com/KTLwi77giP
— ETimes Lifestyle (@ETimesLifestyle) October 14, 2021