
УЛИЦА ПРОГОЛТА АВТОБУС СО 15 ЛУЃЕ – Поројните дождови направиле ерозија
Се претпоставува дека ерозијата на почвата под асфалтот била предизвикана од обилните дождови.
Автобус со 15 патници пропадна низ асфалтот среде улица во Солун. Според фотографиите, автобусот пропаднал со целиот преден дел, со двете предни тркала, а кратерот што се отворил под возилото бил многу широк.
Се претпоставува дека ерозијата на почвата под асфалтот била предизвикана од обилните дождови, што направиле целосен хаос во грчката престолнина Атина и на други места.