
Koста Костадинов е новиот градоначалник на Струмица, Шилегов води пред Данела
– Успеавме Струмицо! Благодарам за вербата во младоста! Од срце за Струмица, порача на социјалните мрежи Костадин Костадинов, кандидат за градоначалник на Струмица.
Костадинов рече дека е новиот градоначалник на Струмица и порача дека извојувал победа во прв круг на прес конференцијата оддржана вечерва.
Костадинов порача дека победил со 4.000 гласови разлика пред кандидатот на ВМРО ДПМНЕ.
– Ова е мојот град! Ова се Струмичаните! Ова се граѓаните на град Струмица! Ова се жителите на сите населени места од нашата општина!
Ова е резултат со кој, да сме живи и здрави, ќе заокружиме 2 децении целосна политичка доминација во Струмица, 2 децении социјалдемократија, 2 децении слобода, демократија, еднаквост.
На почеток, дозволете да ја поздравам успешноста на овие локални избори и демократскиот капацитет кој уште еднаш го покажавме на дело. Да, македонскиот народ и тоа како знае што е демократија!
Најнапред би сакал да се заблагодарам на сите граѓанки и граѓани кои се одважија да излезат на гласање и да го дадат својот глас,особено голема, огромна благодарност за сите Вас кои денес гласавте за нас и нам ни ја дадовте довербата.
Тука, би искористил да честитам и да се заблагодарам на сите мои сопартијци и на тимот околу мене со кои успеавме во изминатите денови.
За крај, одовде, вечерва можам како завет да
кажам – Со целото срце, за Струмица!
Имајте сите убава вечер, неделна, празнична вечер!, рече Костадинов.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во моментов според податоците на ДИК има 42,43 отсто од гласови, додека Данела Арсовска поддржана од ВМРО ДПМНЕ има 31,63 отсто.
Третото место во тесна трка го делат кандидатите на ЛДП и Левица со по околу 5 отсто.