24sedum.net

24 седум вести портал

НИКОЛОВСКИ: СДСМ ПОБЕДУВА ВО 25 ОПШТИНИ, ВОДИМЕ ВО СКОПЈЕ

Коалицијата предводена од СДСМ победува уште во прв круг или води во над 25 општини, порача вечерва генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски.

Тој објави дека СДСМ победува во Скопје и рече дека новиот градоначалник ќе биде Петре Шилегов. Освен во Град Скопје СДСМ, според Николовски, победува во Струмица, Крива Паланка,

Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Берово, Кочани, Богданци, Кривогаштани, Пехчево, Демир Капија. Од скопските општини ги кажа Карпош, Центар, Шуто Оризари…