24sedum.net

24 седум вести портал

Проблеми со биометриска индефикација во Чаир и Аеродром

На гласачки места во Скопје во општините Чаир и Аеродром има одредени проблеми при препознавањето на отпечатокот од прст. На изборното место во основното училиште Петер Здравковски- Пенко во Скопје Север дел од граѓаните се жалат дека не можеле да се идентификуваат.

Тоа го регистрираше и камерата на Телма, па по неколку обиди, откако поминаа околу пет минути, комисијата реши жената да биде иденфикувана со лична карта и на тој начин и беше овозможено да го освари своето гласачко право. И други граѓани велат дека имале потешкотии со биометриски идентификација.

И од избирачкиот одбор потврдуваат дека има вакви проблеми, па гласањето се одвива побавно но, дека процесот тече мирно.

За сите вакви случаи, членовите на избирачките одбори ја известуваат ДИК, од каде велат дека проблемите се надминуваат…

извор: telma.mk