
ПРВ СЕ ОГЛАСИ ШИЛЕГОВ: Очеkyвањата според одѕивот на изборите се – победа во прв круг
Денес е празник за демократијата во Македонија и празник за демократијата во Скопје и скопските општини.
Денес заедно со моето семејство ја исполнивме својата граѓанска должност и обврска да го дадеме својот глас“, кажа градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов веднаш после гласањето.
„Имавме кампања којашто помина мирно и достоинствено, затоа очекувам и се надевам дека денешниот ден, односно овие избори ќе завршат мирно и демократски, впрочем онака како што заслужуваат сите граѓани на Република Северна Македонија“,
потенцираше Шилегов.
„Бидејќи одзивот е онаков каков што очекуваме, а очекувањата мои се дека ќе имаме победа уште во првиот круг затоа што во самата кампања скопјани може да препознаат кои се луѓето што овој
град го водат напред и сето она што го направивме во изминатите четири години.
Континуитетот за развој на Скопје е извесен и тоа е она што граѓаните ќе го изберат на овие избори“, истакна Шилегов.