24sedum.net

24 седум вести портал

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ слави со зурли и тапани пред „Белата палата“

Со зурли и тапани, скандирање „Цело Скопје вмровски град“ и запалени факели, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ слават пред партиското седиште во Скопје, откако партијата прогласи победа во првиот круг на изборите за градоначалници во 16 општини.

Според ВМРО-ДПМНЕ, тие имаат победа во првиот круг во: Прилеп, Кисела Вода, Василево, Кавадарци, Босилово, Кратово, Сопиште, Градско, Новаци, Виница, Пехчево, Могила, Петровец, Карбинци, Илинден и Јегуновце.

Во останатите, најголем дел од општините, партијата тврди дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ имаат водство пред СДСМ.

Во овој момент, ВМРО-ДПМНЕ има водство во Велес, Битола, Штип, Охрид, Кичево, Свети Николе, Аеродром, Ѓорче Петров, Гази Баба и Бутел, велат од партијата..


извор: слободенпечат.mk