
ВИДЕО: Во делчевско село се гласало во фарма за магариња
Околу 90 лица евидентирани во избирачкиот список, од делчевското село Нов Истевник, денеска гласаат за избор на локална власт на невообичаено место – приватна фарма за магариња, објави Канал 5.
Објектот до 1985 година бил училиште, но бидејќи нема доволно ученици, сега е приватен објект
кој за изборите се користи како гласачко место, во недостиг од други гласачки места.