
ВМРО-ДПМНЕ прогласија победа во овие општини
Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ се слави победа на локалните избори со зурли и тапани и од партијата велат дека победиле во првиот круг во над 15 општини.
Според неофицијалните податоци, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ победиле во Прилеп, Неготино, Кавадарци, Могила, Новаци, Градско, Илинден, Сопиште, Петровец, Јегуновце, Карбинци, Зрновци, Кратово, Свети Николе, Виница, Босилово, Штип и Велес, а водат во Охрид, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба и Ѓорче Петров.
Од СДСМ пак велат дека победиле во првиот круг во Делчево, Валандово, Дојран и Крива Паланка, додека можност за победа во првиот круг имаат во Струмица, Ресен, Крушево и Лозово, а водат и во Скопје, Центар, Карпош, Бутел, Берово, Пробиштип, Богданци и Пехчево