24sedum.net

24 седум вести портал

ВО ЖИВО: Се обраќа претседателот на СДСМ Зoран Заев

Победуваме и имаме сериозно водство во повеќе од 30 општини во земјава.

Најдоброто победува и води и во Градот Скопје. Победуваме во Струмица, Крива Паланка, Карпош, Центар, Делчево, Крушево, Кочани, Дојран, Валандово, Македонска Каменица, Пробиштип, Пехчево, Демир Капија, Маврово Ростуше, Лозово, Конче, Арачиново, Дебарца, Куманово, и се разбира Скопје.

А таму каде што води ВМРО-ДПМНЕ и влегува како прв, видете ја структурата од гласовите и ќе видите дека нашите коалициони партнери одземаат гласови, кои во втор круг ќе завршат кај нас. Добивме стотици илјади поддршка. Тоа за нас е обврска, ќе ја исполниме и нема да дозволиме некој земјата да ја враќа назад. СДСМ влегува во втор круг во вкупно 36 општини плус Градот Скопје. Влегуваме во борба за конечна победа. Главата горе! На крајот СДСМ ќе има победа во повеќе општини во споредба од ВМРО-ДПМНЕ. Впрчоем затоа Мицкоски бараше избор на градоначалници во прв круг. Коалиционите капацитети се сериозни. Сите за прогресот. Огромна е нашата коалиција. Се обединуваме во вториот круг и влегуваме во борба за прогрес на нашата земја.

За таа цел, за да ја зачуваме македонската иднина, ги повикуваме сите наши поддржувачи, да излезат и да дадат поддршка за најдоброто за нашиот народ. Јасна е пораката од народот, и таму каде што победивме, и таму каде што не победивме. Народот сака резултати, ние ќе ги обезбедиме со сите наши капацитети.