24sedum.net

24 седум вести портал

Заев: Шилегов води со 15 илјади гласа во Град Скопје, на крајот на 31 октомври ќе се знае дека СДСМ и коалицијата е апсолутен победник на изборите

На крајот најубава е слободата и демократијата. Кога ќе ги достигнете како вредности, слобода на самостоен настап, настап со друга политичка партија, се вредности кои ги негуваме. Во Куманово ќе победи СДСМ, заради тоа што вербата и каузата во која веруваат граѓаните на тоа парче земја, ќе го потврдат тоа што е нивна заложба. Јас сум убеден дека во Куманово идниот градоначалник ќе биде Оливер Илиевски.

Јас сум убеден дека ќе имаме повеќе градоначалници. Ние водиме со 15 илјади во Град Скопје, Шилегов има многу добра предност, а влегуваме во втор круг во 36 општини. Сега има и други партии кои имаат независни листи, кои имаат гласови. На крајот се прави програмско заедничко седнување таму каде што немате можност сами да формирате мнозинство. Јас сум сигурен дека на крајот на 31 октомври, од севкупен број на градоначалници, совети, коалициони партнери, ќе имаме мнозинство. Да имаше некој можност да формира Влада, можеше да формира и вчера, но и меѓу првиот и вториот круг. Тоа нема да се случи. Парламентарното мнозинство ќе расте.

За тоа дали Шилегов ќе добие поддршка од другите кандидати за градоначалници, Заев вели:

Ќе ги прашате лидерите на политичките партии овие денови дали ќе дадат поддршка или не. Постои соработка меѓу сите нас, овие гласови ќе се обезбедат како поддршка за втор круг.