24sedum.net

24 седум вести портал

Познато koј влегува во втор круг во Куманово: Се огласи и кандидатот на СДСМ – Максим ќе остане на истиот број гласови

Независниот кандидат за градоначалник од иницијативата „За наше Куманово“, Максим Димитриевски, синоќа заедно со приврзаниците од градскиот плоштад најави дека влегува во вториот круг од локалните избори 2021.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалиција, Оливер Илиевски во изјавата дадена за медиумите рече, дека од обработените 97 проценти влегува во вториот круг од изборите. –

Заедно со Максим Димитриевски одиме во втор круг.

Имаме изедначен број гласови со тоа што се обработени 97-8 проценти од бројот на гласовите, се менуваат бројките 30, 40 за едниот, другиот така што во вториот круг одиме со изедначен резултат, рече Илиевски.

Тој очекува дека како СДСМ и со коалицијата појасни резултати во вториот круг и победа.

Одговарајќи на новинарски прашања дали е изенадувачки резултатот, Илиевски кажа дека не во голема мера.

Дел од гласовите на ВМРО ДПМНЕ отидоа кај Димитриевски, така што мислиме дека на толкав број на гласови ќе остане и во вториот круг, изјави Илиевски.

Од општинскиот штаб на ВМРО ДПМНЕ пак, изјавија дека се пребројуваат гласовите, но според проценките во втор круг влегуваат Димитриевски и Илиевски.