24sedum.net

24 седум вести портал

360 СТЕПЕНИ АНАЛИЗИРА: ВМРО-ДПМНЕ не напреднала во гласови колку што паднал СДСМ од ланските избори – анализа на 360 степени

ВМРО-ДПМНЕ не напреднала во гласови колку што паднал СДСМ од ланските избори – анализа на 360 степени

На повеќе места „алармот“ за губење на поддршката бил вклучен уште на минатите избори, кога е забележана поголема предност на ВМРО-ДПМНЕ во општини во кои СДСМ има свои градоначалници кои, пак, беа избрани со значително водство во 2017 година

Во повеќе општини во државата ВМРО-ДПМНЕ на изборите во неделата освоила приближно ист број гласови како и на парламентарните избори минатата година, за разлика од СДСМ, кој главно бележи пад во гласови во споредба со ланските избори, кога дел од неговата коалиција беа и ДОМ, ЛДП и Беса, кои овој пат настапуваа одвоено од коалицијата на централно ниво, пишува 360 степени во најновата анализа

Споредбата на гласови од ланските парламентарни избори и од гласањето во неделата за членови на совети на општините што ја направи „360 степени“, земајќи ги како пример 10. скопски општини и пет поголеми општини во внатрешноста на државата, покажува осцилации кај ВМРО-ДПМНЕ, односно благ пад, умерен пораст или сличен резултат како и на претходните избори, кои исто така се спроведуваат според пропорционален изборен модел.

Од друга страна, кај СДСМ речиси без исклучок се забележува повпечатливо намалување на билансите.

Впечатокот е дека на повеќе места „алармот“ за губење на поддршката бил вклучен уште на минатите избори, кога е забележана поголема предност на ВМРО-ДПМНЕ во општини во кои СДСМ има свои градоначалници кои, пак, беа избрани со значително водство во 2017 година. На пример, во Кисела Вода предноста на ВМРО-ДПМНЕ

на минатогодишните избори била околу три илјади гласа, за на овие избори салдото на опозициската партија да порасне за околу 200 гласа.

Наспроти тоа, СДСМ сега паднал на советничката листа за над 2,4 илјади гласа, така што разликата со ВМРО-ДПМНЕ сега е околу шест илјади.

Сличен е и примерот со Бутел, каде што минатогодишната разлика со СДСМ од околу 1,5 илјада сега е удвоена.

Целиот линк на 360 степени прочитајте го овде