
Османи од ДУИ се изјасни: Нема да има политички потреси, мнозинството е стабилно
Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, смета дека нема да има нови избори во земјава, како и политички потреси, бидејќи, како што нагласува, мнозинството е стабилно.
Тој размислува дека во последниве десетина години речиси секоја година имаме изборно соочување, па сега веќе нема потреба од тоа, бидејќи тоа ги закочува сите процеси во државата.
„Во последниве 10 години секоја година имаме избори. Немаме потреба од тоа. Тоа значи стискање пауза на работите во државата. Мислам дека нема да има нови избори и потреси. Пред нас се важни прашања, а мнозинството е стабилно“, е ставот на Османи даден за емисијата Утрински брифинг.
Ова тој го одговори на прашањето дали е можно да се доведе во прашање мнозинството во Парламентот, по најновиот развој на настаните и објавените резултати на локалните избори.
Во врска со изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека следно е претседател Албанец во земјава, Османи вели дека Ахмети не бил разбран соодветно.
„Ахмети зборуваше за еднаквоста како принцип, дека ниеден човек не може да биде исклучен.
Тој ги објасни тие работи како промена на начинот на однесување.
Тоа што беше во 90-тите, либералната агенда, сега е зелената агенда. Ние се адаптираме кон новото време.
Прво, зелената агенда ја сфаќаме како нов начин на живот а не само како екологија. Правиме стратегија натаму преку практични решенија во таа насока“, вели Османи.