24sedum.net

24 седум вести портал

Русите лути на америkaнската водителка: “Па тоа беше скандал! Облекла црн тесен фустан, ја пуштила косата, не носела ни хулахопки”

Остри критики доаѓаат на адресата на американската водителка Хедли Гембл по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин. Од државните телевизии ја обвинуваат водителката дека претседателот за време на енергетскиот форум се обидела да го заведе и збуни со своите голи нозе и со допирањето на својата коса.

Руската државна телевизија е остра во критиките на сметка на американската водителка на “CNBC”, Хедли Гембл, која ја водела седницата на енергетскиот форум во Москва, на која учествувал и Владимир Путин.

“Па тоа, луѓе мои, беше скандал. Таа се обиде да го збуни нашиот претседател. Облекла црн тесен фустан, ја пуштила косата, облекла “Лобутинки” со пета од 12 центиметри и седнала покрај претседателот. Нозете ги намачкала со некакво светкаво масло. Не носела ни хулахопки”, рекол шокираниот водител на руската државна телевизија за Гембл.
Од телевизијата емитувале дури и исечоци од форумот за да покажат како водителката “го заведувала Путин”.