
Убaв потег: Муцунсkи седна на кафе со Цанде и другите противкандидати (ФОТО)
Сакале или не, сепак ова е убав гест и потег за почит. Во вакво светло треба почесто да ги гледаме политичките „непријатели“ во државата.
Новиот градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски денеска имаше кафе-средба со своите противкандидати на изборите: Александар Филиповски од СДСМ, Весна Кираџиева од Левица и Билјана Аврамоска Ѓореска од ДОМ/ЛДП.
–
Ги поканив моите противкандидати на кафе дружење за да испратиме порака за обединување кое не само на Аеродром, туку и на цела Македонија ѝ е потребно. Сè ова го направив со цел да излеземе од оваа состојба во која се наоѓаме и да го подобриме животот на нашите сограѓани. Секоја идеја, секој проект кој е од интерес на граѓаните ќе го прифатам и реализирам. Аеродром е на сите нас. Заедно да придонесеме за нашето маало!, порача Муцунски.