24sedum.net

24 седум вести портал

(Видео)Полиција го запре Максим Димитриевски, градоначалникот се жали на притисоци

Независниот кандидат и сѐ уште актуелен градоначалник градоначалник на Куманово Максим Димитриевски во вклучување во живо на Фејсбук пренесе дека бил следен од возило на Министерството за внатрешни работи по што бил и запрен на улицата „Лесковачка“ без образложение.

– Сакам од овде лично пред целата македонска јавност на улицата „Лесковачка“ да видиме како работи полицијата на актуелниот министер Оливер Спасовски. Претходно бевме следени од возило на МВР подолг временски период на неколку улици директно од возачот на началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ. Во моментот не стопираа на улицата „Лесковачка“ без никакво образложение, ни ги земаа документите веќе 10 минути имаме застој на улицата и овде сум на јавна-прометна површина, јавно го објавувам ова да види јавноста со кого си имаме ние работа во Куманово, рече Димитриевски.

Тој вели дека за да го стопираат него, полицајците направиле застој во целиот сообраќај на улицата.

– Без никакво образложение иако побарав од полициските службеници да се направи ред во сообраќајот, бидејќи во моментов и автобус и други возила не можат да се движат по улица Лесковачка, сепак тоа е македонската демократија. Нека му служи на честа и на господинот министер и на мојот поранешен другар, бидејќи ова не личи на ништо. Ваква тортура значи не се правела никогаш во македонската јавност и повторно граѓаните на Куманово ќе победат поради ваквите недемократски принципи кои се спроведуваат, рече тој.