24sedum.net

24 седум вести портал

Ја затекоа полугола: Лила за роденденот – сабајле кога станав реков „Фала ти Господе што го дочекав и овој роденден“ (ВИДЕО)

Битно е како јас се чувствувам, битен е духот и менталната хигиена, јас не се носам со годините, јас уживам во своите години.

Како другите да почнат да уживаат?

Да си внимаваат на здравјето, да работиш она што го сакате, бирајте луѓе со кои ќе се дружите. Кога се разбудив сабајле реков „Фала ти Господе што го дочекав и овој роденден“. Не сум се замарала со тоа „леле колку години имам, колку години имаш“.

Тоа не е битно, вели Лила за Бекстејџ.

Вас ви е дозволено да ме затекнете во една ваква состојба. Не сум од оние кои кога ќе имаат роденден, нема да работат. Уживам и затоа воопшто не ми е битно.

За прашањето кој и е најдраг роденден рече:

Не ги делам вака работите. Секогаш си го прославувам роденденот. Не можам да кажам дека некој ми е посебен. Можеби кога сум го родила Филип, додаде таа.

Таа се заблагодари на Бекстејџ за подарокот.

Недозакопчана ми упаднавте, но на вас ви е дозволено. Ви благодарам и ве сакам, и поканети сте вечерва на журката, вели Лила.