
Кои производи најмногу ќе поскапат?
Храната и натаму ќе поскапува. Лебот, брашното, маслото за јадење, кондиторските производи ќе бидат први на удар, објави Сител. Растот на цената на електричната енергија и на горивата, ќе ја подгреат инфлацијата. Државата мора да најде начин да интервенира и да го заштити и онака кревкиот стандард на граѓаните, бараат синдикатите.
Од Синдикатот велат – ако сега потрошувачката кошница за едно 4 члено семејство тешко дека се задоволува, со зголемување на цената на основните производи, стандардот уште повеќе ќе им се намали. Бараат зголемување на платите на сите работници, иако сметаат дека покачување на цените, на производите, до сега не е оправдано.
Состојбата се следи, но за сега не смееме да интервенираме, затоа што сме во избори, велат од Владата. Додаваат дека за сега се е под контрола и нема потреба од загриженoст.