24sedum.net

24 седум вести портал

Не е лесен камионџисkиот живот, ама вака да ви кажам: Станав милионер благодарение на две години седење зад волан

Многу луѓе од Балканот се одлучуваат да заминат во странство и да возат камион.

Така решив и јас. Пробав во Хрватска, работев и во Србија односно во Белград, но трудот никако не ми се исплатеше. Не е дека не земав ок плата, но плата со која единствено можев да живеам добро, но не и да бидам некој кој може да инвестира во својата иднина.

Така, седејќи еден ден зад воланот во камионот во Хрватска, донесов одлука!

Пишував за работа во Швајцарија, но не успеав. Но тука беше еден пријател од Шведска. Тој ми рече дека во компанијата во која што работи се потребни нови камионџии.

Му ги пратив документите. Чекав одговор недела дена. Добив позитивен одговор. Ми рече: Пакувај ги куферите и во понеделник тргнувај на пат. Стигнав во Шведска. Благодарение токму на него добив пристојно сместување за почеток дури почнам со работа. Ми помогна да го запознаам новото градче во кое ќе живеам и ми укажа на можностите кои ми ги нуди државата за да бидам.

Работев цели 2 години. Работев напорно. Моето секојдневие беше исто. Гледав асфалт и само асфалт. Секако, тука беа и моите колеги, со кои кога-тогаш, имавме можност да испиеме по 2, 3 пива и да завртиме некој колбас на скара. Но, како и да е, поголемиот дел од времето беше поминат со моето радио во камион, јутјуб, и разговори со моите блиски дури возам.

Благодарение на таа моја напорна работа јас успеав да станам богат човек, со мој личен бизнис овде во Шведска, моја куќа, автомобил, добро разработен ресторан со македонска храна, како и многу многу пријатели.

Денеска не сум туѓинец во Шведска, иако тоа бев цели две години. Денес сум свој на своето бидејќи мојот двегодишен труд беше наплатен и ценет од моите работодавци.

Сега наместо да чекам на нив, јас сум работодавец и јас сум тој кој пак помага на своите пријатели од Балканот и Хрватска.

Шведска ти благодарам! Јас станав милионер благодарение на тебе, вели Борислав Богумил