24sedum.net

24 седум вести портал

Ова се нajбараните работници во Европа: На Балканот се мизерно платени, а условите за работа таму за нив се повеќе од одлични

Додека работниците од металната индустрија на Балканот се реално под нивото на она што го заслужуваат во Австрија тие се доста почитувани, но и многу добро платени.

2500 евра, но и 3100 евра минимум за оние кои се најстручни во оваа област.

Од друга страна платите на пекарите кај нас, во Македонија, но и на Балканот исто така се доста пониски од примањата на истите во Европските земји. Пример, Горан од Битола вели дека како пекар има плата од 26.000 денари, но е одговорен на смена и 80 % од работното време му е на трета смена односно во текот на ноќта.

Тој вели дека платата на пекарите кај нас многу зависи и од работодавците и дека тој лично е задоволен, иако смета дека во иднина таа може да расте.

Според него, многу негови колеги во Македонија земаат помала плата од неговата, но постојат и такви, иако вели дека се ретки, кои земаат поголема плата од неговата.

Од друга страна, луѓето кои се занимаваат со оваа работа во Австрија, според анализи објавени на австриски медиуми, имаат плата од минимум 1.400 евра.

Како што пишува порталот novi.ba, странските работодавци покрај добрите плати и фина заработка, нудат стимулација, регрес, плаќање на секој прекувремен час работа.

На дел од нив пракса им е и нудење на бесплатно сместување, храна, но и транспорт до работното место.

Генералниот секретар на Синдикатот за производство во Австрија неодамна изјави дека платите на еден работник во металната индустрија во Австрија се до 3.000 евра, а некои од нив земаат и повеќе.