24sedum.net

24 седум вести портал

ПРЕД И ПОТOA: Со своja „диета“ Даркo Влогс успеа да симне 19 килa за три месеци – еве како (ФОТО)

Како Дарко Влогс, човек познат по своите видеа од Инстаграм ослабе дури 19 кила за само три месеци.

Заборави на ќебапите и мрсната храна

Образложи во своите видеа на Инстаграм каде што вели:

Ме заболе нешто стомакот и решив да слабеам. Од тој ден три месеци поминаа, 90 дена диета на слабеење, затоа што таа недела дена со промената на исхраната, супи, вода, компир, прекина да ме боли. Откако прекина да ме боли, продолжив со диетата. Се заради големиот инает што го имав во мене. Тоа е прва улога во диетата.

Втора улога е хранење здраво. Тоа не значи да и кажеш здраво на храната. Диетата ќе ја крстиме Гугл диета.

Гугл диета затоа што не консултирав никого, ниту фитнес инструктор, ниту нутриционист. Сам решив да слабеам. Знам што сака моето тело, а што не. Сака да јаде ќебапи, ама и неќе да јаде ќебапи.

Едноставно го гледав телото како ми функционира и така јадев. Плачев кога почнав да јадам салата.

И еве сега каков сум. Пример: Најтежок е почетокот каде што треба да го навикнеш телото на малку храна, доручек, ручек, вечера. Заборави благо, заборави алкохол, заборави пржена храна, заборави зачини, заборави премногу јадење.

Кога ќе ти се пријаде премногу збори си на себе, гледај се во огледало и вели си – не, нема да јадаам.

Ќе станев од сабајле, полека водичка, овошје, после тоа навечер уште некоја супа и толку. После тоа гледав, гуглав, примавав совети и се навикнав. Насабајле зелен чај, вечер зелен чај. Пола литро насабајле, вечер пола литро. Ќе јадев мандарини. Можеш да го замениш со јаболко, било кое друго овошје. Од сабајле не можеш да јадеш јајца, сланина, компир, сето тоа измешано.

Зелен чај сабајле, мандарини, 4,5,6 саати пред легнување јадев главно јадење како частење било што здраво. Кромид и туна, кромид и сардина, комбинираш наместо леб јадеш фстаци, бадеми, чиа семе, има премногу работи што се здрави.

Од мене не можам да ви кажувам програма. Најлесно е да најдете што е здраво, а што не е. Единствен совет:

Ако се сака, се се може. Јас успеав, успеав од што морам и од инает за вака да ослабеам. Сега ќе пробувам да ја оддржам таа килажа. Ако сакаш можеш, ослаби!