24sedum.net

24 седум вести портал

Русите објавиле снимka: Како “Сухоите” ги истерале америkaнските бомбардери над Црното море

Два руски ловци “Su-30” над Црното море следеле два американски стратешки бомбардери “B-1B” кои летале кон руската граница, поради што американските пилоти го промениле курсот, соопштил Националниот центар за одбрана при Министерството за одбрана на Русија.

Како што било прецизирано во соопштението, руските радари на 19-ти октомври над Црното море откриле мети кои се доближувале до руските граници.

Поради идентификување на воздушните цели и спречување на нарушувања на државната граница на Русија, на небо се кренати два ловци “Su-30” од дежурните сили на поморската авијација и противвоздушната одбрана на Црноморската флота. Екипажи руски ловци ги идентификуваа воздушните мети како два суперсонични стратешки бомбардери на американското воздухопловство “B-1B” во придружба на два авиони-цистерни “KC-135″ и ги испратија од Црното море”, соопштил центарот.

Откако странските авиони се оддалечија од државните граници на Руската федерација, руските ловци безбедно се вратија на матичниот аеродром. Повреди на државните граници на Руската Федерација не се дозволени”, се заклучува во соопштението.