24sedum.net

24 седум вести портал

Совeтник од екипата на Апасиев го одби Митко Јанчев за кафе: Ќе се видиме на седница, не сме за кафанска коалиција

Советник од Левица ја одби поканата на кавадаречкиот градоначалник за утринско кафе

Ја одбив поканата за “утринско кафе” кај градоначалникот кој ќе се обиде да воспостави уште еден нем советнички состав каде се гласа без право на збор!

Одлуките ќе се донесуваат во сала, со пренос во живо, за народот кој не одбрал да е свесен што му се случува. Шминката не поминува во уште 4 години!

Се надевам дека не сите од техничката служба во општинската зграда се партиски вработени, па има барем еден што знае да пушти лајв стрим.

Се гледаме на конститутивна седница!

Не за Кафанска Коалиција, стои во фејсбук статусот на Круме Богевски