
Може да ме наречете приkриена СДСМ-овка, гласав за вмровски кандидат на општинско ниво, но за Петре ќе гласам за Град Скопје
Фејабук статус на Катерина Колозова
Сега дознав дека Даниела се викала Данела, кандидатката за градоначалник на Скопје.
Пази ни името не сум и’ го запамтила. Вака, може да ме наречете пак прикриена СДСМ-овка, но фактите се следниве: дадов потпис за ЗХГ, и за цело време ги поддржував, на општинско ниво за градоначалник го поддржав кандидатот на ВМРО, но на ниво на Град Скопје, извинете, не можам Данела да ја поддржам.
Доволна ми е една причина – најголемата енергија како активист што сум ја вложила од моја 19 годишна возраст е таа за правата на животните, а ЈП Лајка е стационарот за каков се борев цел живот.
Да, направен со доцнење, да – не стерилизираа две години, НО конечно, еве, го има во формата во каква сите ние што крв плукавме во битки за овие прашања од 1992 до денес сакавме да го видиме.
Е сега, Данела дава изјава пред некоја недела која покажува дека нема поим дека “Лајка” постои и што точно прави. Второ, го памтам Вардариште од ВМРОвска ера. Значи, само ова ми е доволно во втор круг да гласам за Шилегов (пошто Ана од ЗХГ не можам).
И вака, активистите се во право кога викаат дека “Лајка” може и подобро, но со Данела “Лајка” само на полошо ќе оди, а не па уште и да координира општински стационари да се отвараат.
Толку од мене: да, “ќути, може и полошо” ми е аргументот, но да – може, и тоа ми е стравот, и од таму и ставот. ПС плус супер списание поддржал :-), плус направи нешто за споменот на Колозов.. ете, тоа ми се, пак, личните причини.
ПОВЕЌЕ ВЕСТИ – СДСМ: Арсовска само ги „вози“ граѓаните, веќе не ветува набавка на електрични автобуси
Зошто Данела Арсовска денес не се возеше во двокатните дизел автобуси што ги набави ВМРО-ДПМНЕ, туку во автобуси од фабриката МАН, какви што набави Петре Шилегов, прашуваат од СДСМ како реакција на денешниот настан на кој кандидатката за градоначалничка најави 250 нови екоавтобуси како дел од нејзината програма.
„Одговорот е јасен – криминалната набавка на ВМРО-ДПМНЕ на двокатните дизел-загадувачи имаше катастрофални последици за аерозагадувањето на Скопје, секаде каде што сообраќаа автобусите кои трошат над 40 литри дизел на 100 километри. Двестете двокатни дизелаши годишно трошат 25.000 евра гориво по автобус повеќе отколку оние на МАН на CNG, значи, со набавката на МАН автобуси веќе се заштедија неколку милиони евра на скопјани“, нагласуваат од СДСМ.
Од таму додаваат дека на денешната прес-конференција Данела Арсовска повторно се обидела, како што велат, да ги „извози“ новинарите и граѓаните со нејзиното ветување за бесплатен превоз со 250 електрични автобуси.
„Маските почнуваат да паѓаат и Арсовска веќе не ветува набавка на електрични автобуси.
Арсовска сега тврди дека по 82 дена ќе започнала со набавка на 150 автобуси на CNG (како оние што ги набави Шилегов) и сега веќе не зборува за купување на дополнителни нови 100 автобуси, туку за етапно приспособување на 100 автобуси на ‘алтернативен енергенс’“, посочуваат од партијата од каде нагласуваат дека Арсовска веќе воопшто не спомнува купување на електрични автобуси, како 18-метарскиот електричен автобус на нејзините плакати.
Во реакцијата се подвлекува и дека за разлика од Арсовска, Шилегов има конкретен проект за Брз автобуски превоз, за кој веќе се обезбедени средства за два нови коридора, за нова флота за ултра-еколошки автобуси, за нови автобуски станици и депоа, за дигитализација и „при-пејд“ систем на билети со единствена карта.