24sedum.net

24 седум вести портал

На само 100 километри од главниот град живееме без струја – ја чекаме 13 години, ОСУДЕНИ сме на робија

Можете да замислите што се треба да се прави без струја. Не можете да ја вклучите пералната, не можете да си стоплите вода, ја перете облеката на ладниот бунар, а водата со која треба да се бањата е ладна.

Морате да греете вода на печката, немате замрзнувач, немате каде мобилниот телефон да го наполните, немате телевизија, немате ништо.

Со овие зборови Срѓан од Хрватска поточно од Чавловица за РТЛ Директ ја опишува неговата состојба и состојбата на неговиот татко.

За многумина незамисливо, но вака изгледа животот во 21 век на младиот Срѓан и неговиот татко Душан.

Струја чекаат цели 13 години.

Ова е навистина тежок живот, маченички живот. Осудени сме на робија, а немаме каде, вели таткото Душан.

Фрижидерот им се наоѓа кај нивни пријател кој е оддалечен дури 5 километри од нивниот дом. Пред војната овде живееле 150 луѓе, а сега освен нивните 150 овци нема кој да им прави друштво, ниту пак да разменат по некој збор.

Размислувавме да произведуваме млеко и сирење, но како?

Струјата не е нивни единствен проблем. Тие немаат ниту вода.

Имаме бунар за вода кој го користиме за нашето домаќинство. Со помош на агрегат извлекуваме вода од бунарот. Тоа сами го направивме, вели Срѓан.

Во Хрватска без струја живеат 5000 луѓе, пишува net.hr

Линк од видеото во кое се опишува тешкиот живот на овие луѓе ОВДЕ