24sedum.net

24 седум вести портал

СРAMНА Е ЦРНАТА КАМПАЊА ПРОТИВ МЕНЕ Петре Шилегов ги демантира обвинувањата

Тој презентираше документи на средбата со новинарите, потенцирајќи дека располага со доказ за демант за сè што е досега обвинет од своите политички неистомисленици.

Актуелниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов, реагираше на обвинувањата на опозицијата изречени во кампањата во пресрет на вториот круг од локалните избори.

– Денес ќе зборувам за недозволивата и срамна црна кампања која против моето семејство и мене ја води ВМРО ДПМНЕ. Кампања на лаги која за жал ја поддржува и мојата противкандидатка. Таа кампања господине Мицкоски и госпоѓо Арсовска е под секое цивилизирано ниво. Тоа што го правите е една од најлошите карактеристики на политичарите.

Кога аргументи за работењето не постојат тогаш лагите ги користите како единствен начин за битка, продолжи Шилегов обраќајќи им се на противкандидатката Данела Арсовска и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски – изјави Шилегов.

Тој презентираше документи на средбата со новинарите, потенцирајќи дека располага со доказ за демант за сè што е досега обвинет од своите политички неистомисленици.

– Денес сум тука со документи да ги демантирам сите прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ и сите зборови искажани од митинзите за тоа колку и како сум ја злоупотребувал мојата функција и незаконити приходи. Овој документ, кој патем е изработен токму на барање на ВМРО-ДПМНЕ од страна на УЈП, потврдува дека мојата имотна состојба и сè што поседуваме јас и моето семејство е еднаква и соодветствува со пријавените приходи и платени даноци. Овој документ потврдува дека ниту еден денар повеќе од она за што сум го пријавил и за што сум платил данок немам потрошено – нагласи Шилегов.

На Мицкоски и Арсовска им порача да престанат да лажат.

– Ќе престанете ли конечно да лажете и ќе почнете ли конечно да се соочувате со аргументи? Политиката мора да биде лишена од лаги, драги госпоѓо Арсовска и господине Мицкоски. Ние сме тука за луѓето, не се луѓето тука за нас. Престанете да ги лажете, ова се нашите граѓани кои бараат сериозност и решавање на своите проблеми и потреби. Вие за разлика од мене, нудите само лаги. Жал ми е што е тоа вашата единствена агенда. Нашите граѓани не го заслужуваат тоа – им порача Шилегов на Мицкоски и Арсовска.

Тој им се обрати на граѓаните на Скопје, кои наредната неделе ќе одлучуваат која личност ќе го предводи главниот град во наредните четири години.

– Скопје не смее да застане сега. Силно верувам дека го препознавате трудот, храброста и напредокот кој Скопје го направи изминатите четири години. Силно верувам дека сакате тоа да продолжи по истиот пат и да го завршиме она што заеднички го почнавме. За тоа да се случи треба да се обединиме. Треба да излеземе масовно на гласање и да потврдиме дека Скопје продолжува напред. Да го оставиме на страна целото политиканство со кое сака да ве замајува ВМРО-ДПМНЕ. Ако верувате дека после години стагнација храбро тргнавме во решавање на проблемите, излезете и поддржете го напредокот. Јас ќе продолжам уште посилно да работам во ваш интерес – повика градоначалникот Петре Шилегов.

Aрсовска пак денес вети нови 250 еко автобуси

Во 30 минутното возење низ Скопје можевме да приметиме дека непријатно е возењето посебно кога станува збор за дупките по улиците и неизбалансираните шахти, поради кои се оштетуваат возилата, што ќе биде како проблем решено во првите 82 дена од мојот мандат. Непоходно е Скопје да добие бесплатен јавен превоз и нови еко автобуси. Тоа е најбрзото и најсигурно решение за јавниот превоз во Скопје за разлика од БРТ проектот кој значи дополнителни инфраструктурни проекти и со тоа реализацијата ќе трае со години. Не ни треба решение за само дел од Скопје, бидејќи решенијата мора да се однесуваат на сите делови на Скопје“ изјави независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, по возењето во градски автобус низ улиците на Скопје.

Арсовска посочи дека на скопјани им е доста од половични решенија и се обврза на итно решавање на нивните проблеми.

„Ако бил толку добар БРТ проектот зошто се покажа дека сега треба да се интервенира на мостот Обединети нации, зошто дополнително да се сече зеленилото на Партизанска, зошто да се имплементира решение што не е за цело Скопје“, истакна таа.

Проектот за еко автобуси, според Арсовска ќе реши многу проблеми, а во исто време ќе направи ред на возење каде интервалот на доаѓање на автобуси ќе се скуси за да биде превозот побрз и почест.

„Тоа ќе значи помала гужва во автобусите. Во исто време ќе се воведат и почести ноќни линии за викендите. За овие решенија не требаат месеци, а да не зборуваме години, како што е менување на возен ред, ама кај нас и за едноставните нешта се чека со години“, додаде Арсовска.

Ги повика и граѓаните да дадат свое мислење за овој проект, затоа што според неа тие се главните сведоци на лошо менаџирање на ЈСП поради непродуктивни трошоци, непостоење систем за брз и ефикасен превоз кој само во првата половина од 2021 година има загуба од 139 милиони денари.