24sedum.net

24 седум вести портал

Заев: Ич око не ми трепнува, сум носел тешки одлуки за да оди ДРЖАВАТА напред, сум се борел за сите деца утре да живеат во европска земја

Прашањето е од кого изгуби СДСМ – дали изгуби од противниците или од самата себе? Кој е проблемот што нивните гласачи не излегоа на избори? Со овие зборови Имер Селмани во гостувањето на Клик Плус постави прашање до премиерот Заев

Првиот човек на СДСМ одговори:

Ова е вистинско прашање. Споредбените гласови на ВМРО-ДПМНЕ плус од оние на Алијансата се помалку дури и од лани. Тоа е јасно. ВМРО-ДПМНЕ не само што држи константа, туку и паѓа. Ние добивме жолт картон од нашите гласачи. Нема незадоволство од изградбата на булеварите, новите зелени површини, мостови, рамноправниот број на гласовите низ Скопје е тој. Еден дел од нашите гласови си го направија своето. Демократијата и слободата да настапат самостојно нашите коалициони партнери се тука. Тие гласови се наши. Вториот дел од гласачите останаа дома. Нашите гласачи се поразлични од нашиот политички опонент. Дел од нив велат знаеме дека ќе има втор круг. Тие се со слободарски дух. Тие кои се незадоволни ни дадоа жолт картон.

Некои од граѓаните велат супер што градите, но градоначалникот не ме прими на разговор. Ние мораме да им служиме на граѓаните, да ги слушаме. Тие луѓе се наши гласачи, ако сакале да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, ќе гласале, но не, тие упатија порака до нас.

Со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ се враќа режим. Тоа е определба на нашиот опонент. Нашата определба е државата да оди напред. Гледате како ги водиме политиките и спрема соседите и спрема Европа. Тоа е патот. Влада предводена од мене не може да влече напред, ако имаме на локално ниво некој кој сака да не скара со соседите и ЕУ. Затоа граѓаните треба да се определат.

31 е ол ин, граѓаните треба да си знаат. Никој не е определен од татко му или од партијата дека е таму и таму. Народот и државата се важни. Народот одлучува. Не сметам дека во државата треба да има парламентарни избори. Вчера се потврди стабилно политичко мнозинство. Тоа е така затоа што веруваат во едно општество за сите како и за европската интеграција. Кога Мицкоски ќе понуди нешто подобро, тогаш се е отворено.

Очекувам и во најава е зголемување на парламентарното мнозинство. Зошто? Поради тоа што пратениците имаат одговорност, претставуваат граѓани и затоа очекувам зголемување на парламентарното мнозинство. Сакаме ние Европа дома да си ја донесеме. Ако ги упропастиме овие две години можеме да си пукаме во двете нозе. Се сметам себе за политичар кој не правел математики за рејтинг.

Ние немаме друга алтернатива освен ЕУ. Сите се разочарани во последните месеци, чекавме 16 години, а ќе почекаме уште шест месеци. Владата мора да води напред, лидерите мора да носат одлуки. Лидерите се бираат да носат тешки одлуки за државата да оди напред. Сум покажал храброст за режим, за мојата земја, сум се борел за моите деца, за сите деца, ич око не ми трепнува.