24sedum.net

24 седум вести портал

Заев ноќва директен и jaсен: 31 октомври е “all in” – не можам да се борам ако дојдат луѓе скриени позади независна кандидатка

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека 31 октомври, односно вториот круг од локалните избори за него е „all in“.

„Се носи одлуката и граѓаните треба да си знаат. Ова не е никаква закана, ова е чесно споделување на чувствата. Јас реков никој не е определен и гарантиран од татко му или од партијата дека ќе биде таму и таму… Важен е само народот и државата, се друго е минливо“, додаде Заев.

Без разлика колку е тоа затскриено зад коалиција, ги знаеме луѓето што се таму. Не можете да се борите за едно општество за сите, ако дојдат луѓе затскриени зад независна кандидатка на кои единствено им е важно моќта и власта.

Не можете да помагате во инвертори, да помагате во зелени и обновливи извори, дека мораме да го збогатиме сето она што е со нас околу зеленило, кога некој е спротивен на тоа. Ништо не оди едно со друго. На 31 октомври е ол ин, ова не е закана, само ги споделувам чувствата. Важен е само народот и државата, се друго минливо и менливо.

Со ова премиерот Заев изјави дека доколку го загуби Скопје веројатно тој ќе се повлече од премиерската функција и претседателското место во Заев.