24sedum.net

24 седум вести портал

Васил Гарванлиев замина за Америkа: Нема да заборавам од каде доаѓам

Музичарот Васил Гарванлиев (36), кој беше наш претставник на Евровизија 2021, а исто така беше избран да не претставува на настанот и во 2020, но истиот не се одржа поради пандемијата со корона вирус, веќе еден месец е во Чикаго, САД, пишува ФОКУС.

Талентираниот баритон, кого јавноста го запозна како дете кое остави хит композиција зад себе на детскиот фестивал ,,Златно славејче”, за да потоа со родителите се пресели во Чикаго, во земјава се врати пред три години.

Со богат оперски багаж и настапи ширум светот со популарни и звучни музички имиња, тој се посвети на градењето на кариера во Македонија, каде и покрај искрената намера да ја освои публиката со музика и пораки за љубов, беше дочекан, но и испратен на Евровизија со низа на предрасуди и напади.

Сега, кога повторно е во Америка, за ,,Фокус” раскажува дека има турбулентен период, исполнет со убави настани, снимања, гостувања, дружби со тамошната публика, на кои за разлика од кај нас, во неговата родна земја, е дочекан со овации.

-Минатата сабота имавме 65-годишнина од хорот, прекрасна Гала вечера на која ја запеав ,,Here I stand” заедно со хорот од стотина деца. Магично чувство! Имам настапи, снимања, се крчкаат нови проекти, паралелно и со агенти од Лондон- раскажува струмичанецот за ФОКУС

За 2021 година, вели дека е година која му ги отворила очите на повеќе од еден начин.

-Васил врати се на корените за да можеш да ги рашириш крилјата и да полеташ во посакуваните височини – тоа беа зборови на еден мој ментор пред 20 години кога заминавме од САД

Извор: ФОКУС – целиот линк ТУКА