24sedum.net

24 седум вести портал

Агим Јонуз до Момировски: Мakeдонците станаа резил пред светот, сами меѓу себе си ископавте очи

Ако некој друг одлучи, а знаеме кој ако треба нешто да се случи во Македонија, ќе се случи. Каде е проблемот?

Проблемот е што создадовме апсолутна некохертност на народот. Принципот е раздели, па владеј. Тој доживеа ренесанса. Во таа ренесанса се зајде. Македонците станаа резил пред светот.

Сами меѓу себе си ископаа очи. Албанците се во голема предност. Кога е прашање кауза, тие го имаат тоа. Го имаат и србите тоа. Македонците го немаат. Па вие скокајте до несвест, вели Агим Јонуз во емисијата „Заспиј ако можеш“

Најголем грев стана ако ја гледаш вистината во очи. Објаснуваш дека белото е бело. Ти тогаш си осуден дека или си антидржавен елемент или си пијаница што не знае што збори.

На прашањето од Момировски, доколку големите фактори се одлучат Македонија да се подели, кантонизира, федерализира, тој рече: Ние ќе одиме само на коктел, ништо друго. Ние не градевме здраво граѓанско општество. Ние градевме национално општество. Во кое еден вели не сум Зоки, се викам Драган. И ти ми викаш за тебе гасна комора. Аха така ли, ќе се качам на Шар Планина да те мавам со камења.

Премногу се растури државата на нивоата кои подразбираат граѓанска кохерентност. Ти не мора да ме сакаш мене, ти си србин, но мора да се почитуваме. Ние работевме на изградба на еден фантастичен проект кој се вика политички бизнис. Ние само жнееме она што сме го сееле 30 години, а тоа антагонизам, тивко рушење и крадење на државата.