24sedum.net

24 седум вести портал

БЕЗБЕДНО Е АКО СЕ ВAKЦИНИРАТЕ ОД КОВИД И ОД ГРИП ВО ИСТО ВРЕМЕ Сепак, прашајте го и вашиот лекар, порачува СЗО

Истовремената употреба на вакцини против грип и коронавирус е безбедна, покажаа истражувањата за кои денеска во седиштето на СЗО во Женева зборуваше Силви Брајан, директорка на Службата за глобална подготвеност за критични инфекции при Светската здравствена организација, пишува Плусинфо.

– Постојат неколку студии кои покажуваат дека е безбедно да се даваат двете вакцини истовремено, објасни таа.

Сепак, мора да се консултирате со вашиот лекар за индикациите за употреба на двете вакцини – додаде таа.

Запрашана како пациентот може да ги разликува симптомите на грип од оние на ковид-19, директорката потсети дека вообичаените симптоми на грип се треска, главоболка и болки во мускулите, како и течење на носот и кашлица.

– Ковид-19 во суштина ги има истите симптоми, но на нив се додаваат и губењето на чувството на мирис и вкус.

Многу луѓе, особено младите луѓе, со ковид-19 покажуваат дополнителни специфични симптоми – рече Брајан.

Понекогаш, сепак, има малку симптоми на двете болести, а тоа најмногу зависи од нивото на имунитет, објасни таа.

Брајан нагласи дека е важно да се знае дека „превентивните мерки делуваат и кај двете болести“.

Експертката потсети дека е потребно миење раце, проветрување на просториите, носење маска и одржување на физичка дистанца.

И грипот и ковид-19 можат да се спречат доколку се следат овие мерки – рече таа.

ИЗВОР: СЗО – линк ОВДЕ