
Мakсим се борел против нив, но добредојдена е поддршката од ВМРО-ДПМНЕ: Очекувам поддршка вели Димитриевски
Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во вечерашното соочување на телевизија Телма на прашањето дали очекува и дали ќе прифати поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за вториот изборен круг, рече дека секоја поддршка е добредојдена.
Максим се уште е член на СДСМ. Бараме поддршка од сите, не сме разговарале со никој. Секоја поддршка е добредојдена, и од било која партија, и од македонскиот и од албанскиот блок. Нас ни се важни граѓаните, не политичките субјекти. Очекувам поддршка затоа што јас сум најдоброто решение на Куманово. Димитриевски е член на една политичка партија, и немам потреба да застанувам на ничиј митинг.
Ќе направам се мојата партија да се реформира и да ја вратам партијата каде што треба. Но, она што денеска наликува раководството на мојата партија наликува на она против кое се боревме, вели Димитриевски.
Тони Шанац ги искара сопартијците на социјалните мрежи – вие во штаб не ме сакавте, работевте за Максим
Сепак според одредени пишувања на медиумите денес Тони Михајловски кој беше противкандидат на Максим, обвинува дека одредени луѓе од раководството на партијата во Куманово одработувале за Максим Димитриевски уште во првиот круг.
Сепак и покрај остриот тон, како и тоа дека се борат едни против други, денес Тони и Максим испија кафе заедно во Куманово.
Дали тоа значи дека Михајловски ќе ги повика неговите гласачи за поддршка на довчерашниот свој непријател за кого дури се зборуваше на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ?
-Супер кафе дружба со кандидатите за градоначалници на Куманово Теодора Димитровска од ДОМ/ЛДП, Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ и Беким Салиу од Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива.