24sedum.net

24 седум вести портал

Овие уреди трошат струја и кога се во мирување

Дали знаете дека вашите домашни уреди работат и додека се исклучени? Погледнете ја листата на уреди кои трошат електрична енергија дури и кога се во мирување.

Телевизор

Сте знаеле ли дека притискањето на копчето за напојување го става вашиот телевизор само во мирување? За да го исклучите целосно, потребно е да го исклучите кабелот од струја. Инаку, телевизор кој не работи троши 24 вати на ден.

Полнач за мобилен телефон

Многумина го оставаат полначот во штекер дури и по завршување на полнењето. Знаеме дека изгледа попрактично и честопати сме премногу мрзливи за да го повлечеме кабелот, меѓутоа постои цена за тоа, иако таа не е преголема. Оваа навика се проценува дека не чини 1.2 вати дневно.

Уреди со тајмер

Секој има барем по еден таков уред во домаќинството. Радио часовници, микробранови печки, рерни и ДВД плеери – сите тие покажуваат време додека се исклучени. Така, тие трошат дополнителни 108 вати дневно. Како и со се друго, единственото решение е целосно да се исклучи нивното снабдување со електрична енергија.

Дигитален приемник

Многу малку луѓе се свесни за начинот на работа на дигиталните приемници – тие продолжуваат да примаат сигнали дури и кога телевизорот е исклучен. Во овој случај, потребно е да го исклучите ресиверот за да заштедите енергија. Додека работи непотребно, тој троши 22 вати на ден.

Компјутери и лаптопи

Дури и кога се исклучени, десктоп компјутерите и лаптопите работат во позадина. Ако не сакате да “украдат“ 96 вати на ден, можеби ќе сакате да ги исклучите од струја.

Доколку овие уреди ги чувате на режим на мирување, потрошувачката е уште поголема.