24sedum.net

24 седум вести портал

Рецепт за леб идеален за оние кои се плашат од јаглехидрати

Доколку внимавате на линиjaта и се трудите да се храните поздраво, а тешко се откажувате од лебот, пробајте го овој recept, чии главни состојки се посно сирење, овесна каша и семки.

Покрај тоа што е вkусен, сочен и фин, овој високопротеински леб ќе ве држи сити долго време.

Слободно јадете го за појадок со пржени јајца или вашата омилена шунка, намачкајте го со намаз од сирење и само додадете малку сол и бибер.

Состојки:

300 гр посно сирење, 100 гр мелени бадеми, 100 гр ленено семе, 125 гр сечкана овесна каша
1 лажичка сол, 6 гр прашок за пециво (половина кесичка), 8 белки, 2 лажици сусам, 2 лажици семки од тиква (по избор), 2 лажици семки од сончоглед (по избор)

Подготовка: 1. Во длабок сад измешајте ги сувите состојки: мелените бадеми, лененото семе, овесната каша, сусамот, солта, прашокот за пециво и семките.

2. Додадете лесно аматени белки и посно сирење и убаво измешајте. 3. Тавата за леб обложете ја со хартија за печење и ставете ја смесата. Израмнете со лажица, посипете уште малку сусам и ставете во загреана рерна на 180 ° C и печете околу 50-60 минути. Кога ќе се испече лебот, оставете да се излади, па исечете го.

Исфрлете го белиот леб од исхраната и за кратко време забележете кои се најчестите 3 промени кои се случуваат кога ќе престанете да јадете бел леб, заменете го со протеински леб и уживајте во секој залак.

Добар апетит!