24sedum.net

24 седум вести портал

Седум причини да живеете за живот на село

Животот на село не е лесен. Така барем тврдат тие кои живеат таму, или оние кои ги напуштиле селата. Сепак, животот на село има и свои предности.

Неколку причини за да живеете на село:

Не ви треба АЛАРМ

Петелот, кучињата ги будат луѓето секое утро пред зората. Многумина ќе се согласат дека токму тие вграден аларм односно кукурикање на секои две минути, во осум или десет циклуси. Во тој случај јасно е дека денот започнал па нема да ви биде потребен аларм.

Знаат што јадат

Селаните не се грижат за тоа дали ќе имаат здрава храна, дали овошјето, зеленчукот е прскан, бидејќи токму тие сами го одгледуваат.

Знаат кога е роденден на комшијата

Во град можете да живеете со години, а да не знаете кој сосед живее под вас или над вас, што во селото е нешто кое не е можно. Зошто? Бидејќи таму сите се пријатели, сите се познаваат, секојдневно разменуваат кафе-муабети, си помагаат едни на други и секогаш се тука кога има одредена слава кај соседот.

Убавините на село

Градот нуди поголеми можности за пазар, кафулиња и ресторани, но никогаш нема да може да го понуди мирот и убавината на природата која ја нуди селото.

Луѓето во селата се дел од голема заедница. За време на земјоделските работи се расфрлани по нивите, но со задоволство се собираат во локалната меана. Тоа е берзата на сите локални вести. Ваму со мезе и пивце се споделува секоја новина, се разговара и споделува лично миселње, а дел од жителите знаат да свртат и некоја партија шах.

Сакаат изненадни гости

За разлика од градот, каде што често не се отвара ниту врата од домот, во село, селаните секогаш се расположени за новодојденци или за гости. Не само што ќе ве примаат во нивниот дом, туку топло ќе биде угостени, ќе ја пробате домашната ракија и сирење, а можеби ќе свртите и некое оро.

Еден од поубавите моменти за селаните е кога ќе се прави таканареченото „коливо“ по што сите соседи и пријатели се собираат и си прават целодневна дружба.