24sedum.net

24 седум вести портал

Шилегoв до Арсовскa: Заедно со Мицkоски дojди на ТВ дуел со мене, да ги соочиме концептите за Скопје

Во ниту еден момент госпоѓата Данела Арсовска не беше нападната, а јас сум предмет на црна кампања повеќе месеци, со избегнувањето дебати таа ги потценува скопјани затоа што на овие дебати ние треба да се соочимеза да ги видиме концептите за градот, а не на недемократски начин со со закани и недолични пораки, рече градоначалникот Петре Шилегов одговарајќи на новинарско прашање дали би  и се извинил на противкандидатката Арсовска за локалните избори бидејќи таа посочи дека е навредена на лична основа.

-Арсовска е должна кон скопјани, не кон мене, да го претстави концептот, во првиот круг од кампањата таа успеа да се сокрие позади многуте кандидати, но таа избегнува дуел затоа што нема реална програма и изгледа како да и се случило да биде кандидат, а не дека има познавања, рече тој.

Според Шилегов граѓаните треба да изберат дали сакаат Скопје да се развива и да оди напред, а не да се враќа во минатото.

-Со ништо досега ВМРО-ДПМНЕ кое стои позади кандидатката Арсовска не покажаа дека имаат поинаков план од претходно. Јас ја повикувам на дебата ако сака и со Мицкоски, но да ги соочиме концептите, за јавен превоз, за инфраструктурата, тешката индустија, за ГУП-от, кој и денес прави проблеми а беше донесен од таа структура, порача Шилегов.

Денеска кандидатот на СДСМ доби и поддршка од висок функционер на ЛДП, поточно од директорот на Универзална Фили Аврамчев.

-Заедно со Петре го започнавме процесот на реконструкција на Универзална сала со огромен број разговори со граѓаните и културните работници. Заедно стигнавме до финално решение. Токму поради овие дебати, како и одредени технички проблеми задоцнивме со почетокот на реконструкцијата. Поддршката за Петре значи веќе в година сите заедно да уживаме во новата Универзална сала!“, напиша Аврамчев и додава:

-Визијата за Град Скопје како модерна европска метропола останува главен приоритет, како и добивање на престижната титулата Скопје европска престолнина на културата во 2028.

Пред првиот круг од СДСМ истакнаа дека Арсовска бега од ТВ дуел со Шилегов и според нив тоа потсетува на „старата практика“ на ВМРО-ДПМНЕ да се бега од ТВ соочување кога се нема аргументи.

Сепак Арсовска има минимална предност пред вториот круг пред скопскиот актуелен градоначалник. Дали скопјани ќе направат пресврт и ќе ги потврдат зборовите на премиерот Зоран Заев и лидер на СДСМ кој вчера во гостувањњто на Клик Плус истакна дека во вториот круг е убеден дека ќе победат во Скопје, останува да видиме на 31 октомври кога е изборниот ден од вториот круг во овој изборен циклус.