
СKOПЈЕ СТАНУВА ТYРИСТИЧKА АТРАКЦИЈА Шилегов ја пушти и втората велопатека на Водно
24 часа во денот, 7 дена во неделата – читај најнови информации
Од денес љубителите на велосипедизмот може да уживаат во втората велопатека која е пуштена на Водно. Новата планинска велосипедска патека е долга 3,64 км и широка 3 метри со специјално изработени безбедни свиоци и рампи. На патеката нема пресеци и мешање со пешачки патеки што ја прави многу безбедна, вели Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Скопје.
– Патеката спаѓа во таканаречената „семејна категорија“. Таа е истовремено безбедна за употреба од страна на сите генерации, но апелираме истата да се користи исклучиво со соодветна заштитна опрема. Новата велопатека „Flow“ е наменета за надолно движење со која се комплетира трасата Скопје – Средно Водно – Скопје – вели Шилегов.
За да може да се доживее убавината на велопатеките, тој ги повика сите љубители на природата в недела на 24 октомври да го посетат вториот Фестивал за алтернативен туризам кој ќе се одржи на Средно Водно.
Настанот е со почеток во 10 часот и учество земаат сите најголеми дистрибутери на велосипеди и велосипедска опрема, а ќе биде пропратен секако со добра забава.