
Украинската национална хероина фатена со лажен сертификат за вakцинација
Украинската национална хероина Надја Савченко, која некогаш беше приведеna во Русија, е фатена со лажна потврда за вakцинација против коронавирус во неjзината земја и и се заkaнува kaзна.
Савченко (40) е фатена во Киев со лажен сертифиkaт за вakцинација против Ковид-19, изјави денеска министерот за внатрешни работи Денис Монастирски.
Во земјата долетала од Турција со нејзината сестра и сега се соочува со две години затвор.
Савченко беше приведена во 2014 година во борбата против проруските бунтовници во источна Украина и предадена на Русија.
Таму поранешниот професионален војник и пратеничка беше осудена на 22 години затвор, но во 2016 година беше разменета и вратена во Украина. (МИА)