
Ураган со ветер до 100 к/ч: Невреmeто направи пустош во Германија, во прекин е сообраќајот (ВИДЕО)
Невремето „Игнац“ предизвика делумен колапс на железничкиот сообраќај во Германија, а гранките на тротоарите предизвикуваат голеm сообраќаен метеж.
Железничкиот сообраќај во најнаселената федерална држава, Северна Рајна-Вестфалија, е целосно прекинат, предизвикувајkи метеж во меѓуградскиот сообраќај низ целата земја. Во прекин е и железничкиот сообраќај меѓу Келн и Амстердам и Брисел.
Во големи делови на источна Германија, брзината на возовите е ограничена на 80 км ч, додека многу железнички линии се затворени.
Во провинцијата Рајнска област-Пфалц, автопатот 61 е блокиран поради камиони што се превртеле поради ветрот и го блокирале патот.
Во Берлин, противпожарната служба прогласила вонредна состојба и во меѓувреме излегува на терен само во случаи кога човечките животи се директно загрозени, додека отстранувањето на гранките од патиштата и ослободувањето автомобили врз кои паднале дрвјата е оставено за подоцна.
Само вчера, сите јавни паркови во Берлин објавиле дека денеска ќе бидат затворени поради невремето. Раководството на Фондацијата „Паркови на Прусија“ предупредило на можното масовно уништување на дрвјата поради ослабените корени од долгогодишната суша.
Метеоролошката служба најавила ураган со налети до 100 км/ч за Берлин и околината на Бранденбург.