24sedum.net

24 седум вести портал

Единствената жена која го следи Путин на сите патувања, а за неа не се знае ништо

Она на кое малкумина обратија внимание по слетувањето на рускиот претседател во Белград, е моментот кога Путин излегува од авионот, а на врвот на скалилата се наоѓа русокоса стујардеса, која судејќи според фотографите уште од 2000 година, секогаш патува со првиот човек на Кремљ.

Иако, според официјални податоци, во претседателскиот авион работат пет стујарди и пет стујардеси, името на омилената Путинова стујардеса и понатаму е непознато за јавноста.

За разлика од Путин, името на омилената стујардеса на Борис Елцин било познато, а станувало збор за извесна Галина, која во некоја прилика објаснила како екипажот на авионот се однесува во текот на претседателските патувања.

-Доколку се работи за кратка посета, екипажот секогаш останува во авион, додека во спротивно сме сместувани во хотел.

Во моменти на одмор не можеме да си дозволиме да се опуштиме и да се напиеме по некој пијалок, бидејќи секогаш мораме да бидеме подготвени како во секој момент да мора да бидеме повторно во воздух-навела Галина.