
БОЈАТА НА ОБЛЕКАТА ВЛИЈАЕ НА РАСПОЛОЖЕНИЕТО Не е сеедно дали сте носите плава или жолта маица
Бојата на облеката може да го поправи, но и да го расипе расположението, како и да влијае на вашата самодоверба. Затоа не ставајте на себе нешто што што само ќе стои на вашата коса или шминка во моментов, туку внимавајте и како тоа ќе влијае врз вашето расположение.
ЦРВЕНА БОЈА
Црвената боја на гардеробата ја зголемува самодовербата и придоенсува да бидете во центарот на вниманието и покрај тоа што сте во голема група на луѓе. Таа покажува одважност и го олеснува донесувањето на одлуките. Во некои земји во светот, оваа боја носи аура на страст. На пример, во Индија тоа е боја на фустан која невестата ја носи на свадба.
ЖОЛТА БОЈА
Оваа боја на сонцето е позитивна боја која влијае на поврзувањето на луѓето, дури и со оние кои можеме да ги наречеме „срамежливи“ луѓе. Сепак, ако се одлучите за жолта комбинација, немојте да претерувате и комбинирајте. Доволен е само еден детал. Пример, маица, чанта, шал, здолниште, но никако се заедно во таа боја.
ПЛАВА БОЈА
Ова е тотална спротивност на црвената боја. Ова е боја за опуштање. Се смета за идеална кога станува збор за деловни средби или излегување со некој кој ви се допаѓа.
ЗЕЛЕНА БОЈА
Оваа боја смирува и освежува. Доколку сакате да се чувствувате така, облечете нешто зелено. Погодна е за секаков тип на кожа, односно секој може да ја пронајде нијансата која му одговара. Зелената боја може да ги нагласи неутралните бои на личноста.
ЦРНА БОЈА
Станува збор за боја на гардероба која им одговара речиси на сите и е позната по тоа што го нагласува елегантниот изглед. Од друга страна, црната боја остава впечаток на тага, а така може да влијае и на личноста која ја носи. Совет: Комбинирајте ја црната боја со живи бои.