
НА ВУЧИЌ МУ ПОДГОТВУВAA ATЕНТАТ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА СТЕФАН НЕМАЊА Брнабиќ ги откри деталите
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави денес дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека наводите за прислушкување на Вучиќ и аферата „Јовањица“ се обиди за државен удар.
-Тоа беше планирано долго и детално.
Во Министерството за внатрешни работи (МВР) се формираа паралелни структури и се водеа кампањи во тајкунските медиуми, кои ги пренесуваа медиумите во регионот со цел да се дехуманизира Вучиќ и од него и неговото семејство да се направи криминален клан – изјави Брнабиќ за ТВ Пинк.
Премиерката посочи дека атентатот на Вучиќ бил планиран на откривањето на Споменикот на Стефан Немања во Белград, на 27 јануари годинава, но не наведе детали и зошто обвинителството не покренало постапка против одговорните.
-Да го застрелaa Вучиќ, ќе направеа наратив дека тоа е природно: „Кој знае во што се вмешани тој и неговото семејство“ – истакна Брнабиќ.