24sedum.net

24 седум вести портал

Таксисти споделуваат која е најчудната „тајна“ што ја дознале додека биле на работа

Кога вашата работа е да ги носите луѓето низ градот, неизбежно е дека ќе слушнете неколку чудни и интересни приказни додека работите. Особено кога вашите патници штотуку го напуштиле барот каде што испиле некоја пијачка повеќе.

Неколку таксисти решија да ги споделат „тајните“ кои ненамерно ги дознале додека работеле.

    • Еднаш возев двајца доктори, и еден од нив разговараше со својот колега за како бил „љубезно киднапиран“ од болницата од двајца момци кои го одвеле во вила надвор од градот. Таму, тие го замолиле да ја испита состојбата на срцето на еден човек кој бил локален  шеф на мафија, кој бил баран од полицијата. Тие некако му ги обезбедиле сите алатки, и го натерале да го оперира газдата. Потоа, конечно го пуштиле, му платиле голема сума готовина и рекле дека повторно ќе го контактираат ако треба. Тој рече дека тоа било едно од најстрашните, но сепак најинтересните искуства во неговиот живот.

    • Работев како такси возач и еднаш пијана патничка ми рече дека требала да се омажи за нејзиниот девер, бидејќи нејзиниот сопруг имал мал пенис и не бил убав колку брат му. Се омажила за нејзиниот сопруг затоа што тој бил побогат. Се надевам дека не се сеќава дека ми го кажа тоа!
    • Вујко ми беше таксист во Лос Анџелес, и еден ден, зел двајца момци кои разговарале за убиство што требало да го извршат. По некое време, тие почнале да разговараат дали треба да го убијат и возачот бидејќи ги слушнал како зборуваат за планот и може да ги идентификува. Тие на крајот одлучиле да не го сторат тоа, но тоа беше денот кога вујко ми престана да биде возач на такси.

  • Еднаш возев две жени кои го поминаа целото возење расправајќи дали мажот од чија куќа штотуку ги зедов ја убил нивната пријателка кој починала во неговата кујна дента. Жената, која живеела со него, била во раните 40-ти години, и според неговиот извештај, таа неочекувано починала во попладневните часови откако цел ден работела во градината и возела велосипед. Нејзините најдобри пријателки не веруваа во оваа приказна

 

  • Еднаш возев три тинејџерки, и на крајот од патувањето, знаев се` за с*ксуалниот живот на нивните пријатели, кои спиеле со кого, со или без кондом, кои кого заразиле со с*ксуално пренеслива болест, и така натаму.

извор: motika.com.mk