
ДРАГОСЛАВ КОЈ ИМА САМО ОСУМ ГОДИНИ ПОБАРАЛ САМО КОЗА, А ДОБРИТЕ ЛУЃЕ МУ НАПРАВИЈА КУЌА
Минатата година, приказна за oсумгодишниот Драгослав од селото Ивањица Кусиќи ја обиколи Србија.
Откако татко му починал, тој останал сам со мајка си и живеел во многу тешки услови. Куќата беше трошна, а покривот се закануваше да се урне со секој силен снег. Без разлика на тоа, ова момче имало само една желба – да добие овца или коза, а тоа тогаш му го исполниле добрите луѓе.
За среќа, добрите дела не завршија тука, бидејќи Драгослав со мајка му се всели во реновирана куќа каде ги има сите услови за нормално растење. Насмевката на неговото лице зборува повеќе од илјада зборови.
Многу сум среќен, сега имам каде да ги повикам и другарчињата, вели Драгослав.
Вибер групата “Dobri Samarjanin” се вклучи во изградбата на куќата на Драгослав и неговата мајка. Меѓутоа помогна и локалната самоуправа од местото каде што доаѓа момчето. Прво се помогна со основните работи, храна, дрва, облека, а потоа со се друго.
Пред нас не беше лесна задача.
Тешко беше да се транспортира целиот материјал до куќата која буквално беше целосно за реновирање. Успеавме благодарение на добрите луѓе, а кога го гледаме Драогслав и неговата мајка насмеани и среќни, знаеме дека ја имаме исполнето нашата цел.