24sedum.net

24 седум вести портал

Лиса Шаќири му пиша на Заев-Дрaг приjaтеле Зоран, слушнав дека сте реkле „ако го изгубиме Скопје ќе се повлечам од Претседател“ – оваа ваша изјава длабоко ме трогна

Драг пријателе Зоран Заев, Слушнав дека сте рекле ако го изгубиме Скопје јас ке се повлечам од Претседател на Владата на РСМ.

Оваа ваша изјава длабоко ме трогна! Има една нијанса на “заk-ана”, но тоа што најмногу ме погодува е што заборавате дека вам ве гласаа симпатизери од цела Македонија, а не само од Скопје.

Доколку таквата изјава се базира врз некоја проценка дека некаде сте згрешиле, тогасш немојте да си одите пред да ја поправите грешката и надокнадите штетата.

Пред избори излегувавме на протести на улица со недели, се боревме рамо до рамо со вас- а на раменици си ги носевме децата, за да сpушиме резим.

Памтите ли драг пијателе каква уживанција беше тоа со гитарата и сликањето со Бени? Секако дека памтите! Пред некој ден на тв ве слушав како се присетувате, па дури и морници ме лазеа…

После протестите, драг мој пријателе ве гласав, да придонесам за руш ење режим со пенкало! И целото мое семејство (од Струга па до Скопје) ве гласаше, повеќето од моите пријатели ве гласаа!

Во ниту еден момент не се каам што ве гласав!! Пријателе, јас ве разбирам дека се чуствувате поразен на локалните избори, ама ве замолувам пред се да сфатите дека ако Шилегов го изгуби Скопје не значи дека цело СДСМ го изгубило Скопје.

А кога ќе го изгуби Шилегов Скопје да не си дадете оставка, туку да научите лекција. Да си се запрашате зошто губите толку брзо и толку многу? Само 3 општини не беа ваши, во цела дрзава. Толку ли згрешивте?!

Не ве гласавме за да си одите заради било кој лик од политицката сцена!

Ве гласавме затоа што многу убаво звучеа вашите ветувања дека ќе го сузбиете кp-и миналот на ВМРО, дека правдата ке профункционира, дека ке има санкции за сите злосторници и правда за целиот народ, дека ќе бидеме Едно Општество за Сите, дека ке ги вратите парите на граганите, ах, уште го сонувам тој бројчаникот на Триумфална…

Ви ракоплескавме кога рековте дека ќе ја фатите метлата, затоа што конечно видовте дека “неко меѓу вама није васш, ама изгледа на таа метла сега планирате да се качите и да одлетате.

Срце ми се кp ши пријателе, вие во моите очи бевте хе-рој и не ве личи сега да си заминете со спуштена глава.

Разбирам дека цчвството на одговорност ве тера на тоа, ама не! Треба да ве тера навистина да ја фатите метлата, навистина да го сузбиете кp ими-налот (почнувајки од васшта врата па после дворот па цела дрзава), навистина да има Едно Општество за сите, навистина да има правда за сите нас и санкции за сите кp им-иналци (сега листата е усте подолга од тогаш пријателе, ама верувам дека ќе најдете начин да профункционира).

Вие пријателе не треба да си одите, се додека не ги исправите тие мали грешки со големи последици, или се додека не сте изгубиле на парламентарни избори!

Со почит, Лиса Баута Шаќири