24sedum.net

24 седум вести портал

Вучиќ доби занимлив подарок од Џони Деп, па примети: Сите дами во кабинетот денес се посебно дотерани

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се состана со холивудскиот актер, музичар и филмски продуцент, а за посетата му се заблагодари на Инстаграм.

Му благодарам на Џони на се што прави за нашата Србија, напиша Вучиж на Инстаграм, при што објави фотографија со холивудскиот актер.

Пред тоа првиот човек на Србија објави снимка од средбата со Џони, кој порано допатува во Белград по повод промоцијата на анимираниот филм „Пафини“, произведен во Србија. На снимката се слуша како Џони и Вучиќ разговараат токму за снимањето на филмот.

Вучиќ на крајот од средбата доби подарок од Џони, а впечатоците за тоа ги објави на Инстаграм.

По средбата Џони замина на вечера во елитен ресторан во Белград.

Особено сум му благодарен на прекрасниот подарок Џони Паф, тивкиот врабец кој го добив, вели Вучиќ.