
Героски: Ја повлекувам веста од 24 часа – тие грешат, постои личен документ каков што има на фотографијата на наводната лична карта на Арсовска
Сепак, порталот 24 часа греши. Нашата проверка на сајтот на бугарското МВР покажа дека постои личен документ, со таков број каков што има на фотографијата на наводната лична карта на Арсовска што ја лиферуваше СДСМ. Плусинфо ќе ја повлече пренесената вест од 24часа.бг, а јас мојот претходен пост.
Фејсбук статус на Бранко Героски откако истиот претходно објави дека бугарскиот портал напишал дека не постои документ личен каков што има на фотографијата на наводната лична карта.