24sedum.net

24 седум вести портал

ЛУЃЕТО ЗАБОРАВИЈА ДА НОСАТ МАСKИ Д-р Пановски смета дека олабавувањето на мерките ќе предизвика зголемување на бројот на новозаразени

Релаксирањето на мерките за заштита од ширење на коронавирусот ќе предизвика раст на бројот на нови случаи, вели микробиологот д-р Никола Пановски во интервју за Телма.

Тој смета дека ќе има покачување до 1.000 новозаразени случаи дневно, а како што објаснува, секоја дополнителна мерка ќе биде задоцнета.

– Сите дополнителни мерки ќе бидат задоцнети. Кај нас кафеаните и кафулињата и во вториот и во третиот бран беа местата каде што народот природно се имунизираше. Но, многумина од тие природно имунизирани луѓе не се повеќе живи или имаат тешки последици. Според мене, мерките треба да се прават за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Треба да се вратиме на повторна кампања за вакцина и за заштита од заразување и пренесување на вирусот. Луѓето заборавија да носат заштитни маски. Очекувам да има покачување до 1.000 случаи дневно, се надевам не повеќе – вели д-р Пановски.