24sedum.net

24 седум вести портал

Софиски „Труд“ за Арсовска: Бугарка вербално линчувана во Скопје

Софискиот весник, исто така, го “прогласува“ Шилегов за антибугарин „и по тоа што не обезбедува заштита од вандалите на споменикот на Гоце Делчев во Скопје, зашто тој е подарок од Бугарија“

Според „Труд“, ако Данела Арсовска и Даниела Арсовска се исто лице, тоа значи дека тоа лице доставило документи за своите предци дека на времето се декларирале како Бугари

 

Бугарка вербално линчувана во Скопје е насловот во софиски „Труд“, во текст посветен на случајот со кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, а за која СДСМ објави документи кои, според владејачката партија, се доказ дека таа има бугарско државјанство.

Дали е лошо да си Бугарин во Македонија? Од тонот и сугестиите на официјалната прес-конференција на владејачката партија СДСМ на Зоран Заев во Северна Македонија, тоа е лоша работа, коментира “Труд“, посочувајќи дека пратеничката на СДСМ Славјанка Петрова „открива голема ’тајна’ – дека главната претендентка за градоначалничката фотелја во Скопје, Данела Арсовска, има бугарско државјанство.